Роналдо уште еднаш покажа колку голем професионалец е

Кристијано Роналдо за помалку од 24 часа беше до Мадрид и повторно се врати во Торино за да стигне навреме за тренингот на Јувентус. Првата ѕвезда во италијанскиот фудбал вчера ненадејно мораше да замине во Мадрид откако доби информација дека неговата мајка Долорес доживеала мозочен удар. 

Роналдо не губеше многу време, се качи во авионот и одлета за Мадрид. Брзо по пристигнувањето во Мадрид, Португалецот доби добри вести. Неговата мајка се чувствувала подобро и била надвор од животна опасност. Роналдо веднаш се заблагодари на сите кои ѝ помогнале на Долорес, но и на оние кои му упатиле пораки за поддршка.

По преспиената ноќ во Мадрид, Роналдо повторно се качи на авион и веќе денеска се врати во Торино за да може навреме да се појави на тренигот на Јувентус. Старата дама вечерва требаше да го игра реванш-дуелот од полуфиналето во Купот на Италија против Милан, но тој меч е одложен поради стравот од ширење на Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести