Не му е до играње фудбал, Кристијано нема да настапи против Милан?

Јувентус на утрешниот меч од Купот на Италија против Милан можеби ќе биде принуден да игра без првиот стрелец Кристијано Роналдо, кој отиде во Португалија, во родната Мадеира, за да ја види мајака му, која претрпе исхемичен напад (мозочен удар). Марија Долорес дос Сантос Авеиро беше хоспитализирана во 5 часот утрово и е свесна и во стабилна состојба. Треба да мине неколку теста за да можат лекарите да дадат заклучок за нејзиното здравје.

Во 2007 година Долорес го победи ракот на градата, а денеска беше оперирана за да ѝ бидат исчистени артериите.

Веста многу го погоди Роналдо, кој е премногу приврзан за мајка му. Тој со дозвола на Јуве, отпатува во Португалија, а најверојатно ќе го пропушти утрешниот дуел од полуфиналето на Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан. Иако уште ништо не е дефинитивно, веројатно Роналдо нема да биде во состојба да игра.

- Оглас -

Најнови вести