Дуелот Јувентус – Милан се одложи, Италија 30 дена без спорт?

Реванш-дуелот меѓу Јувентус и Милан нема да се одигра утре. Ова е официјална одлука, мечот е одложен и засега нема одредено датум за преигрување. Иако првично одлуката беше да се игра без публика, поради опасноста за ширење на Коронавирусот, одложувањето се покажа најдобра опција.

Воедно, Владата на Италија размислува да ги прекине сите настани, вклучувајќи ги и спортските, кои привлекуваат масивна посетеност. Се препорачува најмалку 30 дена да не се игра никаков спорт со цел да се прекине ширењето на Коронавирусот кој зафати доста делови од земјата.

Забраната за организирање настани би ја опфатила целата држава, а не само деловите во кои се појави смртоносниот вирус. Мора што побрзо да се преземат мерки бидејќи бројката на жртви порасна од 52 на 79 за помалку од 24 часа. Досега во Италија се пријавени 2.263 случаи на заразеност од смртоносниот вирус, додека вкупно 160 лица се излечени од болеста.

Втората алтернатива е сите спортски настани да се одржуваат без присуство на публика во следните 30 дена.

 

- Оглас -

Најнови вести