Роналдо: Во Белград ми украдоа еден гол, затоа не сме први

Кристијано Роналдо беше најразочараниот португалски фудбалер по синоќешниот пораз од Србија во Лисабон. Србите со гол во 90-тата минута славеа со 2:1 и благодарение на оваа победа, завршија на првото место во групата, пред Португалија, која ќе мора да игра бараж ако сака да биде дел од Мундијалот.

По завршување на синоќешниот меч во Лисабон, камерите го „фатија“ Роналдо како нервозно гестикулира кој селекторот Фернандо Сантош. Предводникот на Португалија откри за што зборувал Роналдо.

„Коментираше за голот за победа постигнат на мечот со Србија во Белград, кој неоправдано му беше поништен. Фрустиран е и тоа е нормално“, објасни селекторот на Португалија за реакцијата на Роналдо.

На мечот во Белград, Роналдо постигна гол во 90-тата минута кој требаше да донесе победа на гостите, но судиите не забележаат дека топката ја помина гол-линијата, па резултатот остана нерешен.

- Оглас -

Најнови вести