Роналдо за Кулушевски: Талентиран е, ми се допаѓа

По натпреварот Шведска – Португалија, на кој Кристијано Роналдо стана првиот европски фудбалер во историјата со 100 гола за својата репрезентација, суперѕвездата на Јувентус го кажа своето мислење и за неговиот нов соиграч во Јуве, македонскиот Швеѓанец Дејан Кулушевски.

„Талентиран е, има голем потенцијал, ми се допаѓа како игра. Се надевам дека заедно ќе постигнеме многу голови“, рече Роналдо.

И младиот Кулушевски врати на комплиментите.

„Кристијано е светска класа, секој сака да игра со него. Тој е пример за сите. Среќен сум што ќе можам многу да учам од него, знам дека е подготвен да им помага на помладите“, изјави Кулушевски, кој на 20 септември против Сампдорија би можело да дебитира за Јуве и да заигра во ист тим со петкратниот освојувач на Златната топка за фудбалер на годината.

- Оглас -

Најнови вести