Роналдо збесна по првиот меч против Србија, а сега упати порака пред клучниот меч против истиот ривал

Португалија на свој терен ќе ја пречека Србија во мечот кој треба да реши за првото место во А групата од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Двете селекции имаат по 17 бодови од седум меча, но Португалија е прва поради подобрата гол разлика.

Во март оваа година, Србија и Португалија одиграа драматичен меч во Белград кој на крајот заврши нерешено 2:2. По тој меч, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо буквално збесна, откако главниот судија направи превид и му поништи чист погодок со кој гостите ќе победеа со 3:2.

Сега ремито ќе им одговара на Португалците, а Роналдо упати порака.
„Сакаме уште еднаш да ја израдуваме целата држава и нашите навивачи со уште еден пласман на Светско првенство. Со силата на сите Португалци ќе стигнеме до целта. Сметаме на вашата поддршка. Одиме во Катар 2022“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести