Кливленд има добри адути за победа против Лејкерс, кецот се комбинира со минус поени

8181 Тери Розие (НБА, Шарлот – Њу Орлеанс, 00 часот)

Бекот на Шарлот хорнетс го полнеше кошот на Њу Орлеанс на последните два меча и вкупно постигна 68 поени, а лесно ја минуваше границата од 21,5 поен, што е важечка за овој меч.

Розие е лидер на тимот на Шарлот, особено кога е отсутен Гордон Хејворд, кој е повреден и нема да игра.

Њу Орлеанс игра брза кошарка што му одговара на Розие и ќе типуваме дека повторно ќе постигне многу поени, а ноќеска за плус му требаат најмалку 22.

Предлог тип: >21.5 поени (1.75)

 

8351 Кливленд кавалирс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 00 часот)

Кливленд кавалирс и Лос Анџелес лејкерс се во интересна ситуација и овој меч е исклучително важен за двете екипи.

Кливленд е на шестото место во Источната конференција и ќе сака да го одбрани бидејќи тоа е последната позиција што води директно во плејофот.

Лос Анџелес лејкерс се десетти во Западната конференција и тоа е последното место што води во разигрување пред плејофот за настап во доигрувањето за титулата.

Лејкерс имаат четири победи по ред против Кливленд, но сега се аутсајдери. Не им игра Ентони Дејвис, а и лоша е атмосферата во тимот што Кавалирс можат да ја искористат и во тврд меч и да го победат славниот клуб.

Предлог тип: 1<226.5 поени (2.95)

 

8352 Бруклин нетс – Јута џез (НБА, 00.30 часот)

Веќе е позната чудната ситуација кај Бруклин нетс, тим кој пред сезоната беше рангиран како топ-фаворит на титулата со триото Дурант-Ирвинг и Харден, но сега е осми на табелата во Источната конференција.

Харден си замина, а кошаркарот што дојде во трампа, Бен Симонс, не игра. Кајри Ирвинг е невакциниран и не настапува кога Бруклин игра на домашен терен поради строгите протоколи во државата Њујорк.

Сето тоа се одрази на резултатите на Мрежичките, кои сега повеќе личат на тим што се бори да игра во плејофот отколку на прв фаворит за титулата.

Јута џез сè уште има шанси за атак на второто место во Западната конференција, што би бил одличен ефект пред плејофот.

Донован Мичел се врати на паркет и игра одлично, па Јута е фаворит, но се чини дека е подобро да се одигра на плус поени, во дуел на две екипи што имаат екстра кошаркари во составот.

Предлог тип: >229.5 поени (1.91)

 

8353 Филаделфија 76 – Мајами хит (НБА, 00.30 часот)

Дербито на Источната конференција може да одлучува и за првото место, што е значајно за плејофот бидејќи гарантира предност на домашен терен до евентуалното финале.

Мајами е лидер со 47 победи и 24 порази, а 76-ките се на третото место со биланс 43-27.

Ако Филаделфија победи, ќе има шанси да се надева на врвот, во спротивно Мајами ќе биде топ-фаворит да го задржи врвот во битка уште и со шампионот Милвоки бакс и со Бостон селтикс.

Мечот е исклучитечно значаен, а и двете екипи знаат да играат одлична одбрана, што најавува тврд меч со помалку од 218 поени.

Предлог тип: >218.5 поени (1.63)

 

8354 Хјустон рокитс – Вашингтон визардс (НБА, 01 часот)

Хјустон приреди изнендување пред десеттина дена со победа против Лос Анџелес лејкерс и пак се врати на старите навики, на поразите.

Ракетите пукаат во празно на последните пет меча и повторно се последни во целата лига со биланс 17-54.

Клубот е во транзиција и ги трпи последиците од комплетното реновирање на тимот, што во последните 10-тина години секогаш беше кандидат за титула, но не успеваше да оди докрај и да биде на победничкиот пиедестал.

Вашингтон е во слична ситуација, но тиа барем сè уште се надеваат на плејоф, иако шансите се мали.

Визардс заостануваат за пет победи зад Атланта хоукс во битката за 10-тото место, последно што води во плејофот.

Двете екипи нема што да калкулираат, а играат брза кошарка, па ќе типуваме дека заедно ќе постигнат над 233 поени.

Предлог тип: >233.5 поени (1.91)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести