29.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Рубен Аморим има шанса да „побегне“ од Јунајтед и да се врати во Португалија?!

Најавите од Островот се дека Рубен Аморим ја има поддршката од раководството на Манчестер јунајтед и покрај катастрофалните резултати на екипата. Сепак, Португалецот може да добие непланирана шанса да „побегне“ од „Олд Трафорд“ и да се врати во татковината.

Наскоро ќе се одржат изборите за претседател на Бенфика, а еден од кандидатите, Жоао Нороња Лопес, ветува дека доколку победи ќе го доенсе Аморим на клупата на Бенфика.

Сепак, за да се случи тоа, Лопес најпрво ќе мора да го победи актуелниот претседател, Руи Кошта. Лопес беше присутен на „Етихад“ и го гледаше поразот на Јунајтед од Сити, а веднаш беше запрашан дали е тука за да разговара со Аморим.

Тој не сакаше да открие детали, но португалските медиуми веќе пишуваат дека целта за неговото патување во Манчестер е токму средбата со Рубен Аморим, кој претходно го предводеше големиот ривал на Бенфика, Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести