Манчестер јунајтед е во потрага по физички силен и искусен играч за средниот ред, а како што пренесуваат британските медиуми, Црвените ѓаволи сериозно ја разгледуваат опцијата да го донесат Жоао Палиња на позајмица од Баерн Минхен.
Новиот менаџер Рубен Аморим не успеа да го ангажира Едерсон од Аталанта, па сега фокусот е насочен кон 29-годишниот Португалец, кој има значително искуство во Премиер лигата од времето во Фулам.
Палиња минатото лето премина во Баерн за 48 милиони фунти, но не успеа да се наметне како стандарден стартер. Германскиот клуб првично беше подготвен да го продаде за околу 30 милиони фунти, но сега размислува за позајмица со цел фудбалерот да ја врати формата.
Палиња е профил што совршено одговара на потребите на Аморим, искусен, физички доминантен и веќе адаптиран на англискиот фудбал. Доколку се постигне договор, Јунајтед ќе се обиде да го вклучи во тимот уште пред стартот на новата сезона, а можно е да биде подготвен за дербито со Арсенал на 17 август.