Дерби каунти имаше турбулентна сезона зад себе, којашто резултираше со испаѓање во англиската Лига 1.
Сепак, тоа не беше поради лошите игри на тимот предводен од Вејн Руни, туку поради административни и финансиски проблеми му беа одземени 21 бод, кои доколку ги имаа, ќе водеа битка за влез во Премиер лигата.
Дека Вејн Руни ги заслужува сите пофалби, говори и тоа дека во текот на сезоната тој не ги напушти, велејќи дека „Капетанот заминува последен кога тоне бродот“, додека по вчерашниот пораз од Квинс парк ренџерс од 1:0, пред медиумите изјави:
„Навистина сум горд на овој тим иако испаднавме. Сепак, прекрасно е да се работи со вакви момци“.
Но, тоа што воодушеви многумина е неговото обраќање кон навивачите на Дерби, коишто останаа запрепастени од потегот на Руни по испаѓањето на неговиот тим.
Тој отиде и ги собра фановите на овој клуб и им се заблагодари за целата поддршка и за тоа што беа покрај играчите во текот на сите овие проблеми.
#dcfc pic.twitter.com/6HKyG4jzoR
— scott powell (@gasmanscott1) April 18, 2022