37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Руни го откри најголемиот проблем во Манчестер јунајтед поради кој тимот заборави да освојува трофеи

Вејн руни со 393 настапи во дресот на Манчестер јунајтед е една од најголемите легенди во овој клуб.

Некогашниот играч на „црвените ѓаволи“ е тренер на Дерби каунти и покрај сите проблеми со кои што се соочува тимот, односно со одземањето на 21 бод, тие сè уште се во игра за опстанок.

Руни во изјава за англиските медиуми откри кој е најголемиот проблем во Манчестер јунајтед и зошто тимот долго време нема поголем успех.

„Не се сеќавам кој натпревар беше точно ама загубивме. Наредниот ден јас и Мајкл Карик влегуваме во соблекувалната лути и загрижени, а ги гледаме Пол Погба и Џеси Лингард како си имаа пуштено музика и беа расположени.

Едноставно не им е гајле дали победиле или загубиле бидејќи не им значи ништо овој клуб и поради таквите играчи кои што не се интересираат и немаат почит за тимот кој што играат, успесите ќе бидат вистинска реткост“ изјави Руни.

- Оглас -

Најнови вести