Руни: Клоп е супер личност, грешка му е само што работи во Ливерпул

Екскапитенот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, за германските медиуми го испофали тренерот Јирген Клоп и рече дека секој фудбалер би сакал да игра за таков професионалец. Како единствена маана на Клоп, Руни го спомна тоа што работи во „погрешен клуб“.

Клоп од 2015 е на „Енфилд“ и по неколку разочарувања, втори места и загубени финалиња, успеа Ливерпул да го однесе на врвот на Европа и да ја освои Лигата на шампионите, како утеха по разочарувањето што во Премиер лигата за еден бод не дојде до титулата.

„Јирген е тренер за кој секој би сакал да игра. Сум го запознал неколку пати, тој е одлична личност и според зборовите на играчите на Ливерпул, се гледа дека им е забавно со него. Го почитувам тоа што го направи со Ливерпул и Борусија Дортмунд, мислам дека пред него се уште успешни години. Негова единствена грешка му е што работи во Ливерпул и што таму има успеси“, рече Руни, кој настапува во американската МЛС-лига за ДЦ јунајтед од Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести