Руни: Не сум сигурен дека Меси веднаш ќе почне да „растура“ во МЛС лигата

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, а сега тренер на Ди Си јунајтед, Вејн Руни, смета дека нема да му биде лесно на Лионел Меси во МЛС Лигата.

Официјалното деби на Меси за Интер Мајами во МЛС Лигата треба да биде наредните недели, но Руни предупредува дека Аргентинецот нема да може лесно да ги пробива одраните на екипите и да постигнува голови.

„Би било убаво доколку ние му бидеме први противници во МЛС лигата, тоа би било одлучно за нашите навивачи. Но, една работа ќе кажам, воопшто нема да му биде лесно. Ова е тешка лига и мислам дека нема да успее да биде доминантен уште од почетокот и ќе му биде потребно време за да се адаптира на Лигата“, изјави Руни за телевизијата „Беин Спортс“.

Руни смета дека доаѓањето на Меси во МЛС лигата е голема работа за САД бидејќи заедно со Мексико и Канада ќе го организираат Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

„Мислам дека е одлично да се има Меси во МЛС лигата. Во последните години го видовме влијанието на Дејвид Бекам, на Златан Ибрахимовиќ и на останатите. Да се донесе најдобриот фудбалер на сите времиња во МЛС лигата е фантастична работа“.

- Оглас -

Најнови вести