Руни носи засилувања преку популарната игра „Фудбал менаџер“

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Евертон и Манчестер јунајтед, Вејн Руни, кој сега е тренер на Ди Си јунајтед во МЛС-лигата, откри дека засилувањата ги носи благодарение на популарната видео игра „Фудбал менаџер“.

Откако минатата година седна на клупата на Ди Си јунајтед, Руни ангажира дури 15 нови фудбалери.

„Голем дел од фудбарите за кои сме заинтересирани играат во Јужна Америка. Имаме договор со „Фудбал менаџер“, ние нив ги рекламираме, а тие ни даваат пристап до нивните скаути. Сега има 11 или 12 скаути кои соработуваат со нас. Тие се наоѓаат низ целиот свет и помагаат во креацијата на видео играта. Жозе Мурињо ја правеше истата работа во минатото и имаше доста успеси“, изјави Руни.

- Оглас -

Најнови вести