Руни во ФА купот даде гол со шут од својата половина (Видео)

Џон Руни, помладиот брат на легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни, го одбележа првото коло во ФА купот со гол од својата половина. Тоа се случи во седмата минута од дуелот на Стокпорт и Рочдејл. Со овој супер гол на Руни, Стокпорт поведе со 1-0, а на крај средбата заврши со 2-1 за неговиот тим.

Џон кој следниот месец ќе наполни 30 години, му ја одзеде топката на противнички играч, направи чекор-два и ја шутна топката кон голот на домашните. Виде дека голманот е многу излезен напред и со прецизен шут од 60-тина метри даде гол за паметење.

- Оглас -

Најнови вести