„Русада“ нема да се жали – Русите се откажаа од екстра намалување на санкциите

Руската антидопинг-агенција „Русада“ се откажа од жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана за да издејствува евентуално ново намалување на санкциите за руските репрезентации и спортисти.

Популарниот CAS минатиот месец им ја намали казната од 4 на две години на сите руски репрезентации, кои во тој период нема да можат го користат името, знамето и химната на својата земја на големите натпреварувања.

„Русада“ го прифати првичното преполовување на казната и иако имаше можност за нова жалба, се откажа.

Светската антидопинг-агнеција, ВАДА, предложи наместо намалување, дополнително зголемување на казната и заострување на односот кон руските репрезентации, но тоа не се случи.

Руските репрезентации ќе мора и во следниот период од две години да ги трпат санкциите поради претходно одбивање да се придржуваат до строгите правила на ВАДА.

- Оглас -

Најнови вести