Селекцијата на Русија убедливо со 8:0 ја победи Куба во меч одигран во Волгоград пред 40.000 гледачи. Одлична атмосфера направија домашните фанови, а фудбалерите на теренот ги наградија со добра игра и дури осум гола во мрежата на гостите.
Василий Герелло исполнил гимн России 🇷🇺🇷🇺🇷🇺 pic.twitter.com/gt5LBznBbz
— Сборная России (@TeamRussia) November 20, 2023
Интересно е дека осумте погодоци беа дело на осум различни стрелци. Русија е суспендирана од ФИФА и УЕФА и не смее да се натпреварува во меѓународните турнири поради воената инвазија над Украина.
Во еден таков период, Русија игра контролни мечеви, и тоа против Ирак (победа 2:0), Камерун (победа 1:0), Иран (1:1), Катар (1:1) и Кенија (2:2).