Русите водеа убедливо, па стравуваа за победата

Русија триумфираше со 3-2 на гостувањето кај Унгарија во Будимпешта, па на тој начин составот на Станислав Черчесов ги освои максималните шест бода во септемврискиот циклус во Лигата на нациите.

Зборнаја имаше 3-0 по 46 минути игра, откако Миранчук и Оздоев погодија во првиот дел, а по самиот почеток на второто полувреме, во листата на стрелците се запиша и Фернандес. Наместо смирено да го дочекаат крајот, Русите се тресеа во последните дваесетина минути откако Унгарија само за осум минути намали на 3-2 преку Салај и Николич, што беше и максимумот од домаќините.

Останати резултати ЛН:

Велс – Бугарија 1-0

Ирска – Финска 0-1

Словенија – Молдавија 1-0

Андора – Фарски Острови 0-1

 

- Оглас -

Најнови вести