22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Руската тенисерка му даде „корпа“ на Руне: Зарем не виде што пишува на мојот „Инстаграм“!?

Данскиот тенисер Холгер Руне важи за еден од најголемите таленти од помладата генерација на играчи во овој спорт. Сепак, во последно време Руне нема баш добри резултати, но сепак повторно е во центарот на вниманието, и тоа поради неговите „љубовни офанзиви“.

Руне решил да флертува со руската тенисерка Вероника Кудерметсова, и тоа преку „Инстаграм3. Ова го откри самата Кудерметсова, која гостуваше на една емисија кај поранешната тенисерка Елена Веснина.

Кудерметсова, која неодамна триумфира на Вимблдон во комбинација на женски двојки, откри дека Руне ѝ праќал пораки преку „Инстаграм“, но добил „корпа“.

„Холгер Руне ми пишуваше. Му реков: Детенце, веројатно јас сум престара за тебе. барем малку да го разгледаше мојот профил, ќе забележеше дека сум мажена“, открива Кудерметсова, која потоа додава дека Руне никогаш повеќе не ѝ се додворил: „Ми се извини и никогаш повеќе не ми пиша ништо“, додаде руската тенисерка.

Руне има само 22 години, додека Кудерметсова има 28 години. Русинката е мажена уште во 2017 година, и тоа со Сергеј Демјохин, кој е поранешен тенисер, а сега е нејзин тренер.

Љубовните двојки во тенисот не се непознаница. Во минатото најпознат тениски пар беа Андре Агаси и Штефи Граф. До неодамна во љубовна романса беа и тенисерите Стефанос Циципас и Паула Барбоса од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести