Коментаторот на руската телевизија „Мач“ стана хит на социјалните мрежи поради реакцијата која ја имаше при очајно изведениот пенал на Бернардо Силва од Манчестер сити синоќа и лесната одбрана на голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин.
Коментаторот „умре од смеење“ по неверојатната утка на Португалецот и викаше „Браво Лунин“, „Браво Андреј“. Ова е реткост, бидејќи Русија и Украина се во војна, но на овој руски коментатор не му беше проблем да навива за Лунин и искрено се радуваше на одбраната на украинскиот голман.
Снимката може да ја погледнете ТУКА.