Руски спортист од болнички кревет порача: Не се секирајте, имам доволно тоалетна хартија

Рускиот шампион во кајт сурфинг (сурфање на даска), Петер Тјушкевич, ги насмеа сите откако му беше дијагностицирано дека е заразен од Коронавирусот. Тој од болнички кревет каде што е на лечење на своите следбеници на социјалните мрежи им порача да не се грижат за него бидејќи има доволно тоалетна хартија.

Тоалетната хартија е една од „најважните“ намирници во борбата со вирусот, судејќи според тоа колку масовно се купува овој производ низ светот периодов.

Тјушкевич е светски шампион од 2009 година, а инфекцијата ја има добиено за време на некое од неговите чести патувања низ светот.

„Имам Коронавирус, во инфективна болница сум, јас сум еден од Русите кои официјално потврдија дека се заразени. Но, не се грижете, докторите рекоа дека штом имам доволно тоалетна хартија, ќе оздравам“, се пошегува познатиот руски сурфер.

- Оглас -

Најнови вести