Руски циркус во српска режија – Си го утна дресот, казната е 150 илјади рубљи

Српскиот фудбалер Милан Гајиќ направи ненамерна, но смешна грешка на почетокот на второто полувреме на дуелот меѓу ЦСКА Москва и Оренбург и наместо со својот дрес со број 22, на терен истрча со туѓ дрес.

Гајиќ, кој летово пристигна во ЦСКА веројатно набрзина на полувреме го сменил дресот и го облекол тој на Аргентинецот Адолф Гајич со број 21.

Презимињата се слични, а казната е 150.000 руски рубљи, или околу 2.500 евра.

Не се знае дали паричната глоба треба да ја плати фудбалерот, или клубот, а на сугестија на главниот судија по 10-на минути игра во второто полувреме Гајиќ го смени дресот.

Српскиот интернационалец одигра добар меч против Оренбург и беше асистент за првиот гол на ЦСКА во првото полувреме, а резултатот на крајот беше 2:2.

- Оглас -

Најнови вести