Руските хулигани кои го оставија парализиран англискиот навивач, добија 13 години затворска казна

Павел Косов и Михаел Ивкин се двајцата руски хулигани кои беа во „главна улога“ за време на безредието во Марсеј пред дуелот Англија – Русија на Европското првенство во 2016 година. Тие двајца беа уапсени откако брутално го претепаа 55-годишниот Андреј Бејч, англиски навивач, кој остана да лежи облеан во крв, а потоа едвај му беше спасен животот.

По нападот, Бејч остана трајно парализиран и со други тешки повреди, дури и тешко зборува. Нападнатиот Бејч дури не памти ни дека бил во Франција за време на Европското првенство.

Планинскиот водач Косов го тепал паднатиот Англичанец иако тој бил во бессознание, додека Ивкин, кој е наставник по физичко, го тепал Бејч со метална прачка. Судот во Русија одлучил едниот напаѓач да помине 10 години во затвор, додека на другиот му е одреден затвор од три години.

Бидејќи двајцата беа уапсени уште во февруари 2018 година, Ивкин за брзо време време ќе биде и ослободен.

 

- Оглас -

Најнови вести