Сабаленка фуриозно до полуфиналето на Отвореното првенство на САД

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласира во полуфиналето на последниот годинашен гренслем-турнир, Отвореното првенство на САД, откако во четвртфиналето славеше над Кинеската Цинвен Жен со 6:1,6:4.

Сабаленка, која в понеделник ќе биде прва тенисерка на ВТА ранг-листата, работата ја заврши само за 73 минути игра.

Во првиот сет, Сабаленка двапати го одзеде сервисот на противничката и само за 28 минути дојде до 6:1.

Во вториот сет имаше поголема борба, двете тенисерки беа сигурни на свој сервис до седмиот гем, кога Сабаленка направи брејк и поведе со 4:3. Предноста успеа да ја зачува до крајот и се пласира во петтото полуфинале по ред на гренслем-турнирите.

Таа стана првата тенисерка по Серена Вилијамс од 2016 година која играла во полуфиналето на сите четири гренслем-турнири во една година.

https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1699475156517937442?s=20

Таа во полуфиналето ќе игра со подобрата од последната четвртфинална пресметка меѓу Маркета Вондрушова и Медисон Кис.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Каролина Мухова и Коко Гоф.

- Оглас -

Најнови вести