Сабота е мерак ден за Спортска прогноза – Одиграјте го јубилејното коло до 15.30 часот

Убав и голем предизвик е да се игра за мобилен телефон „Ајфон“ во новата сезона на Спортската прогноза, особено што во претходните 9 кола се уште нема добитник на премијата, во играта што заеднички ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Веќе станува и стандард терминот 15.30 часот во сабота да го означи официјалниот почеток на колото во играта што е бесплатна и се попопуларна. До овој термин денеска можете да се вклучите со свои прогнози во десеттото коло од втората сезона.

Ова коло е посебно интересно, бидејќи има три големи дерби мечеви, а во фокусот се „Енфилд Роуд“, “Алијанц арена“ и „Велодром“.

Во Англија ќе се игра најважниот меч од полусезоната во Премиерлигата меѓу Ливерпул и Манчестер сити, Германија со нетрпение го очекува новиот дуел меѓу Баерн и Борусија Дортмунд, а во Марсеј на Олимпик ќе му гостува Лион во најважниот меч од Лига 1.

Тоа се само три од вкупно 13+2 двојки што за вас ги подготвивме за прогнозирање во десеттото коло, а имаме интересен европски микс од дуели што се предизвик за перфектна прогноза.

Се што ви треба е да имате СЛ картичка и да одвоите малку време за вашите прогнози. Не ги заборавајте резервните двојки, бидејќи поените се важни и се калкулираат во Генералниот пласман.

Премијата за секое коло посебно е прекрасниот „IPhone XS“ што го доделува Sport Life, а награди има и за едно и две промашувања на 13-та.

За 12 погодени двојки ви следува ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите за уплата на тикет(и) во било која обложувалница на Sport Life, а дури и да промашите два пара ќе добиете ваучер од 500 денари.

Смарт ТВ од 48 инчи ќе се доделува на крајот од оваа сезона, втора на Спортската прогноза, а шампионот во Генерален пласман ќе има можност да се поднови со нов телевизор.

Вицешампионот на сезоната ќе добие 500.000 SL маркет поени, за треторангираниот наградата е 400.000 поени, за следниот 300.000 поени и за заокружување на топ-5 најдобри прогнозери се добива 200.000 поени, кои можете да ги искористите за уплата на тикети или за нарачка на производите што ги нуди Sport Life со богат избор, кој можете да го најдете во SL маркетот на нашата позната обложувалница.

Затоа не двоумете се, кликнете на ПРОГНОЗИРАЈ, типувајте, забавувајте се со Спортска прогноза и очекувајте вредни награди од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести