Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане се очекува да си замине од Ал-Наср, и тоа само по една година помината во тимот од Саудиска Арабија. Најавите се дека Мане веќе не може да го трпи арогантскиот однос на Кристијано Роналдо во Ал-Наср и затоа побарал трансфер, и тоа во големиот ривал Ал-Итихад.
Роналдо и Мане речиси и да не соработуваат на теренот, а Португалецот постојано има забелешки на играта на неговите соиграчи. На мечот од финалето на Супер купот, Роналдо со гестикулации покажа дека „му се оди по голема нужда во тоалет“ од тоа како неговите соиграчи играат. Оваа реакција на Роналдо дојде откако Ал-Хилал поведе со 4:1 во мечот на кој Ал-Наср на полувремето водеше со 1:0.
„Ал-Итихад тргна по потписот на Садио Мане. Моментално се преговара за трансферот. Можно е да биде и како позајмица. Засега уште нема потпишано никаков договор. Главна улога во овој трансфер ќе имаат и Ал-Итихад и Карим Бензема ,кој најавил дека сака да го има Мане покрај себе во нападот“, пишува во шпекулациите за евентуален трансфер на Мане од Ал-Наср.