Садио Мане после финалето ќе одлучи дали останува во Ливерпул

За разлика од Мохамед Салах кој потврди дека останува во Ливерпул и во следната сезона, неговиот африкански партнер од нападот на Црвените, Садио Мане, тактизира, и не е 100 проценти сигурен дали останува на „Енфилд“.

Мане изјави дека после финалето на Лигата на шампионите, ќе објави дали останува во Ливерпул, или ќе се пресели во друг клуб. Токму Реал Мадрид кој е ривал на Ливерпул во финалето во Париз, е еден од најзаинтересираните за Мане.

Сенегалецот заедно со Карим Бензема се главни кандидати за „Златната топка“, и ова финале помеѓу Ливерпул и Реал може да го одреди и победникот во трката за фудбалер на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести