Садио Мане повеќе не е ерген, неговата избраничка има само 18 години (Видео)

Напаѓачот на саудискиот Ал-Наср и на сенегалската репрезентација, Садио Мане, во родната земја се ожени се Аиша Тамба која има само 18 години.

Мане организираше веселба за мал број луѓе, а фотографиите и видеата кои се појавија во јавноста ги изненадија фудбалските фанови поради неговата избраничка.

Аиша Тамба има само 18 години и е 13 години помлада од фудбалерот, а според информациите на медиумите од Сенегал, тие веќе две години се заедно.

Аиша е ќерка на архитект од Сенегал и пред две години го запознала Мане. Според законите во Сенегал, Мане не прекршил ниту еден закон бидејќи долната граница за стапување во брак е 16 години.

https://twitter.com/PulseNigeria247/status/1744782375685329397

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести