3.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Сакаа да му направат чест и му подарија статуа, но легендата сега е цел на исмевање (Фото)

Радамел Фалкао е фудбласки идол во Колумбија, кој одбележа една ера во оваа земја. Напаѓачот одигра 105 меча за националниот тим и постигна 36 гола, а еден од најпрепознатливите погодоци беше тој против Полска на Светското првенство во 2018 година, кога славеа над Полска.

Во знак на благодарност, во родниот град на Фалкао, Санта Марта беше подигната статуа во чест на фудбалерот. Сепак, наместо воодушевување и респект, статуата предизвика негативни реакции.

На социјалните мрежи бројни се реакциите дека скулптурата воопшто не личи на Фалкао и дека посебно не се погодени цртите на лицето.

Фалкао имаше богата клупска кариера. Уругваецот кој блесна во дресот на Бока јуниорс, кога пристигна во Европа, настапуваше за Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо Валјекао. Во 2024 година се врати во родната Колумбија и настапува за тимот на Милонариос, кој ноќеска на свој терен игра меч од домашното првенство против Депортиво Переира.

Фалкао не е првата фудбалска ѕвезда која добил смешна статуа. Претходно слично искуство имаа и Кристинано Роналдо, Лионел Меси и Алексис Санчес.

- Оглас -

Најнови вести