Сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но го разнесе противникот (Видео)

Немили сцени беа видени на меч од азиската Лига на шампиони, а настрада Жаиро Да Силва од тимот на Јохор. Од една сосема обична ситуација и дуел на средината од теренот, Да Силва заработи нокаут од играчот на Ал-Ахли, Али Мајраши.

Додека беа во борба за една топка, фудбалерот на Ал-Ахли сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но наместо топката, удри директно во главата на Да Силва, кој падна како покосен и без свест на тревата. Веднаш реагираа фудбалерите на двата тима, бараа лекарите веднаш да интервенираат.

Мајраши доби црвен картон, а јасно беше дека и на самиот фудбалер му беше криво за немилата случка која беше ненамерно создадена. Жаиро Да Силва веднаш беше префрлен во болница, а според неофицијални извори фудбалерот се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

- Оглас -

Најнови вести