Салах: Би се откажал од ЛШ за да ја освоиме титулата во Премиер лигата

Ливерпул се подготвува за утрешното гостување кај Баерн Минхен во рамките од реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони. По првиот меч одигран на „Енфилд роуд“, немаше погодоци, па во вторите 90 минути ниту еден од двата тима не влегува со никаква предност.

Можеби мала предност има Баерн бидејќи игра на свој терен, но сепак реми со голови ќе го испрати Ливерпул во следната фаза. Англискиот гигант сака да оди и чекор напред во однос на ланската сезона, кога загубија во финалето од Реал Мадрид.

Освен во трката за трофејот во ЛШ, Ливерпул има реални шанси да стане и англиски првак. Речиси три децении Ливерпул чека на титула во првенството, па најдобриот играч во екипата Мохамед Салах откри кој трофеј би бил помил, дали тој во ЛШ или во Премиер лигата.

„Морам да бидам искрен. Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување, но сонот на целиот град, на сите во клубот е да ја освоиме Премиер лигата. Подготвен сум да го жртвувам мојот сон, но најмногу би сакал да ги освоиме двете титули“, рече Салах пред реваншот на „Алијанц арената“ во Минхен.

Египетскиот репрезентативец сезонава во 39 средби даде 20 погодоци во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести