Египет славеше на гостувањето кај Гвинеја со 2:1 во меч од квалификаациите за Африканскиот куп на нациите. Гвинеја поведе со 1:0, а потоа Египет тргна во целосна офанзива.
Само две минути по примениот гол, капитенот на Египет, Мохамед Салах, имаше голема шанса да израмни, но не успеа. Голгетерот на Ливерпул се посрамоти со можеби најголемото промашување во неговата кариера.
За среќа на Салах, Египет до полувреме израмни на 1:1, а во вториот дел гостите го комплетираа пресвртот и стигнаа до победа, вкупно четврта во петиот дуел од овие квалификации.