Салах од пенал донесе прва победа за Ливерпул во 2019 година

Во третиот меч, Ливерпул се израдува на првата победа во 2019 година. Откако го загуби дербито од Манчестер сити, а потоа беше елиминиран и во ФА Купот од Вулверхемптон, Ливерпул денеска донесе радост на навивачите, победувајќи го Брајтон на гости со 1:0.

Погодокот вреден три бода за Ливерпул ги постигна Мохамед Салах на почетокот од второто полувреме и тоа од пенал. За Салах ова беше четврти пенал сезонава и има 100 отсто реализација. Голгетерот на гостите во финишот од мечот пропушти голема шанса за втор погодок, но за среќа неговото промашување не беше казнето. За Ливерпул ова беше 9 победа во 12 меч на гости сезонава, а избраниците на Јирген Клоп уште еднаш потврдија дека ја имаат најдобрата одбрана во лигата.

Со овие три бода, Ливерпул сега има 57 бодови од 22 меча. Манчестер сити има 50 бодови, а „граѓаните“ в понеделник ќе играат против Вулверхемптон. Тотенхем кого утре го очекува дербито против Манчестер јунајтед е трет со 48 бодови.

Резултати: Брајтон – Ливерпул 0:1, Барнли – Фулам 2:1, Кардиф – Хадерсфилд 0:0, Кристал Палас – Ватфорд 1:2, Лестер – Саутемптон 1:2, Вест хем – Арсенал 1:0.

- Оглас -

Најнови вести