Најтрофејната африканска репрезентација, Египет, и вторпат киксна на Африканскиот куп на нации кој се одржува во Брегот на слоновата коска. „Фараоните“ вечерва одиграа само 2-2 против Гана, но она што ги загржи сите на северот од Африка, но и во Ливерпул е повредата на Мохамед Салах.
Тој во втората минута од судиското надополнување на времето побара замена, откако се пожали на повреда на мускулот, а дополнителните прегледи треба да ја покажат сериозноста на проблемот.
Ова предизвика загриженост и во Ливерпул и кај предводникот на тимот од Енфилд, Јирген Клоп, кој може да остане без услугите на својот најдобар фудбалер и за натпреварите од Премиер лигата.