Салах сепак ќе има можност на вистински начин да се прости од Ливерпул

Мохамед Салах речиси една деценија доминира во дресот на Ливерпул, но јасно е дека на крајот на оваа сезона доаѓа крајот на ерата на египетскиот репрезентативец на „Енфилд роуд“. На последниот меч на Ливерпул против Кристал палас, Салах беше заменет во 59 минута поради повреда.

Првичните најави беа дека повредата на Салах е сериозна и дека голгетерот нема да има можност да се прости од навивачите на Ливерпул на тоа како што треба. Сепак, сега стана јасно дека повредата која го принуди да го напушти натпреварот против Кристал Палас не е сериозна и се очекува да се врати пред крајот на сезоната.

Според официјалните информации, станува збор за мала повреда на мускулот, иако првично се сомневаше дека станува збор за проблем со тетивата. Салах го напушти теренот сам, мавтајќи кон публиката, а проценките сугерираат дека би можел да биде подготвен за последното коло против Брентфорд на 26 мај.

Капитенот Ван Дајк нагласи дека Салах сигурно ќе добие достојно збогување, а неговото евентуално враќање на теренот дополнително ги зголемува шансите да се збогува со навивачите со овациите што ги заслужува.

- Оглас -

Најнови вести