Салихамиџиќ си замина од Баерн со полни џебови, но нема долго да остане без работа

Хасан Салихамиџиќ си замина од функцијата спортски директор на Баерн Минхен, иако Баварците ја освоија шампионската титула во Бундеслигата. Тој во клубот пристигна во 2017 година и оттогаш досега освои вкупно 12 трофеи, меѓу кои и еден од Лигата на шампионите.

Според германските медиуми, легендата на босанскиот фудбал во Баерн Минхен заработувал помеѓу 1 и 1,5 милиони евра по сезона, а неговиот договор истекуваше во 2026-тата година. Салихамиџиќ за предвремениот раскин ќе добие дополнителни 6 до 8 милиони евра.

Сепак, сето ова не значи дека Босанецот ќе остане без работа бидејќи веднаш доби понуда да биде дел од Јувентус, клубот каде што настапуваше од 200 до 2011 година. Салихамиџиќ во Јувентус се очекува да ја преземе функцијата спортски директор уште ова лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести