Самарџиски најде нов клуб во Турција

Некогашниот македонски кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски има нов клуб. Центарот кој е висок 215 сантиметри потпиша со екипата на Јени Мамак која се натпреварува во втората турска лига. Самарџиски и претходно настапуваше во Турција и тоа за тимот на Самсунспор.

Повеќе од 15 години трае кариерата на 34-годишниот Самарџиски, кој започна во Партизан, а потоа беше дел и за ФМП, Литворс Ритас, Црвена ѕвезда, Мерсин, МЗТ Скопје Аеродром и Мега баскет.

 

- Оглас -

Најнови вести