Само четворица фудбалери целата кариера ја минале во Реал Мадрид

Начо Фернандес денеска имаше церемонија на простување со Реал Мадрид, клубот во кој ја мина целата досегашна фудбалска кариера.

Дефанзивецот се сели во Саудиска Арабија и нема да може да се пофали дека бил играч кој не сменил клупска средина и цел живот играл само за еден тим.

Во 120-годишната историја на Реал Мадрид, за клубот играле над 700 фудбалери, само четворица никогаш не го напуштиле Реал, а тројца од нив играа заедно во втората половина на 80-тите години од минатиот век.

Четворицата јунаци кои целата професионална кариера ја минале во Реал Мадрид се покојниот Хозе Марија Зарага (еден од оние ретки што пет пати по ред беа европски шампиони во периодот од 1956 до 1960 година), Хозе Антонио Камачо кој 16 години играше за Кралскиот клуб, потоа Мигел Порлан „Чендо“ кој и сега е во Реал како делегат и редовно е на клупата покрај Анчелоти, и легендарниот капитен Маноло Санчис јуниор кој одигра 710 меча за Реал и во шпанската лига освои пет титули по ред од 1986 до 1990 година.

 

- Оглас -

Најнови вести