Само еден човек сезонава во ЛШ не прими гол од Аталанта, а тој не е голман!

Аталанта, која со осум гола на два меча ја елиминираше Валенсија и првпат во клупската историја стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите, сезонава се истакнува со многу ефикасен напад. Ретко кој во Италија или Европа успеа да се одбрани од тимот од Бергамо.

Интересно е што сезонава во ЛШ, Аталанта се соочи со седум различни голмани, а на шестмина им дадоа барем еден гол. Единствениот „голман“ кој не успеаја да го совладаат беше Кајл Вокер, десниот бек на Манчестер сити. Тоа се случи на 6 ноември, кога Аталанта и Сити одиграа 1-1. Вокер на десет минути до крајот го замени исклучениот Клаудио Браво и одлично си ја заврши работата, не прими гол.

- Оглас -

Најнови вести