Не му е сеедно кој ќе ја освои титулата, но сигурно е дека ќе биде запишан како првак во НБА

Тори Крејг сигурно ќе биде запишан како првак во НБА лигата, без разлика дали неговиот актуелен тим Феникс санс ќе го победи поранешниот состав за ој играше, Милвоки бакс, во финалето на најсилната кошаркарска лига.

Крејг на почетокот на актуелната сезона во НБА лигата пристигна во Милвоки како слободен играч од Денвер и настапуваше за Елените до март.

Во мини преодниот рок замина во Феникс санс за паришна отштета, како вишок во Милвоки и сега ќе игра против нив во големото финале во НБА лигата.

Тоа значи дека играл за двата финалисти во НБА лигата, но секако ќе даде се од себе и ќе навива за Фенуикс санс да стаса до првата шампионска круна во клупската историја, бидејќи во таков случај сигурно ќе го добие вредниот шампионски прстен.

Во НБА екипите одлучуваат дали и на кого ќе му доделат прстен од играчите што во моментот кога е освоена титулата не се нивни играчи, но настапувале за клубот во текот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести