Интер на 24 мај ќе игра финале во Купот на Италија, вечерва ќе го добие ривалот во битката за трофејот во ова натпреварување, а Нераѕурите се мајстори за нокаут-мечеви откако (од 2021 година наваму) на клупата им е тренерот Симоне Инѕаги.
Со Инѕаги на клупата, Интер бил елиминиран само еднаш, и тоа од Ливерпул. Ова е предпредување за Милан, противникот од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во Купот на Италија, Интер никогаш не бил поразен во двомеч со Инѕаги како тренер, втора година по ред се финалисти. Интер ги доби и сите дуели од Суперкупот на Италија со Инѕаги. Единствен пат кога беа елиминирани беше во осминафиналето на ЛШ минатата сезона против Ливерпул.