Ајакс е единствениот тим што беше во најсиллниот шешир при ждрепката за групите во Лигата на шампионите што нема да игра во нокаут-фазата.
Копјаниците не успеаја да бидат на едно од првите две места во групата со Ливерпул, Наполи и Глазгов ренџерс, иако беа пред сите во ждрепката.
Наполи од третиот шешир го освои првото место, Ливерпул му се приклучи во осминафиналето, а Ајакс како трет ќе мора да игра во Лигата на Европа.
Од вториот и третиот шешир, односно од вкупно 16 екипи, само Атлетико Мадрид е елиминиран по првата фаза и како последен во Б групата зад Порто, Бриж и Баер Леверкузен нема да презими во Европа.
Дека заслужено се најдоа во четвртиот шешир, покажаа дури 7 од 8 екипи, кои испаднаа и нема да играат ниту во ЛШ, ниту во ЛЕ, а само Бриж од најслабиот пот при ждрепката што се одржа на 25 август успеа да се прибие до нокаут-фазата во луксузното клупско натпреварување на Стариот Континент.
Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник точно напладне.