Ждрепката во ЛШ ќе биде спектакуларна: Ливерпул, ПСЖ, Интер, Милан и Борусија се „аутсајдери“ кои никој не ги сака

Вкупно 96 меча се одиграа во групната фаза од Лигата на шампионите за да се дознаат кои 16 екипи остануваат во трката за најзначајниот клупски трофеј. В понеделник ќе биде ждрепката за осминафиналните дуели, а според распоредот на екипите, може да има повеќе „пеколни“ дуели.

Наполи, Порто, Баерн Минхен, Тотенхем, Челзи, Реал, Манчестер сити и Бенфика ќе бидат во улога на носители, додека во вториот барабан ќе се најдат екипите на Ливерпул, Бриж, Интер, Ајнтрахт, Милан, Лајпциг, Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Според протоколите во УЕФА, во осминафиналето не може да се паднат екипи кои играле во иста група, како и два клуба кои се од иста земја. Во една таква ситуација, големи се шансите Баерн Минхен за ривал да го добие Ливерпул затоа што Баварците нема да може да го добијат Интер (беа во иста група), како и Борусија Дортмунд, Лајпциг и Ајнтрахт (доаѓаат од иста земја).

- Оглас -

Најнови вести