Ница е единствениот тим во Топ-5 лигите што нема примено гол на почетокот од сезоната, а веќе одиграа пет меча. Едниот беше прекинат против Марсеј, кога нивната публика се обиде да се пресмета со гостинските играчи во големиот инцидент, а и на тој меч до прекинот не примија гол.
Ница има одбрана што е составена од интересни играчи. Главен командант е Бразилецот Данте, кој има 37 години и играше за Лил, Борусија Менхенгладбах, Баерн, Волфсбург и сега веќе шеста сезона игра за Ница.
Со него како стопер настапува Жан-Клер Тодибо, кој има 21 година и летово беше купен од Барселона. Кај Каталонците не се снајде добро, но за Ница игра извонредно во стартните пет кола.
Двата бека, Данилиук и Бард, имаат по 20 години и се голема перспектива на клубот што почна со три победи и реми и има гол-разлика од 10:0 и еден прекинат меч, на којшто водеше со 1:0 против Марсеј.
Интересно е што Ница е казнета со два бода поради инцидентот на нивните навивачи, а дуелот со Марсеј ќе се преигра на неутрален терен.
Следен предизвик за Ница е дуелот со Монако задутре, во рамките на шестото коло во Лига 1 во Франција.