Само победата е опција, но без потценување на Словачка

За разлика од првиот меч на гости против Данска кога според квотите во обложувалниците Македонија беше аутсајдер, после тој триумф работите се сменија и сега за вечерашниот дуел во Скопје против Словачка која во првото коло загуби убедливо од Норвешка, Црвено-жолтите се фаворити.

Станува збор за претквалификации за ЕП 2025, а македонскиот национален тим на чело со селекторот Александар Јончевски, има цел да го освои првото место во групата, и да се најде во главните квалификации за Евробаскетот во 2025 година.

Влезот е слободен, а мечот кој почнува во 19 часот, ќе се игра во големата сала на СРЦ Кале.

„Се надевам дека ќе ја потврдиме победата од Данска. Имаме добра почетна позиција, триумф на гости, и тоа многу ни значи во ситуација кога од четири екипи само една оди понатаму. Лани против Словачка на првиот меч победивме со висока разлика, а на вториот загубивме убедливо. Ќе зависи многу од мотивацијата на играчите, се надевам дека победата од Данска ќе ги мотивира уште повеќе моите кошаркари да бидат уште подобри од претходно. Скаутингот е одработен, бидејќи имавме доста време за тоа. Шансата за триумф ќе ја бараме во тимска игра, тимска одбрана, и спроведување на системот од претходните три недели. Се надевам дека ќе добиеме поддршка од публиката во Кале, очекувам публиката да дојде во поголем број“ – изјави Јончевски.

- Оглас -

Најнови вести