Само што слетаа во Манчестер, мадриѓаните беа непријатно изненадени

Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Манчестер, каде што утревечер ќе играат во реванш-мечот од полуфиналето од Лигата на шампионите. При самото следување на аеродромот во Манчестер, гостите беа непријатно изненадени.

Целата експедиција која пристигна од Мадрид мораше цели 40 минути да чека на аеродромот за да пристигне автобусот со кој требаше да бидат пренесени во хотелот.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, воопшто не делуваше среќно поради овој неочекуван проблем. Според англиските медиуми, меѓу оние коишто делувале налутено бил и Лука Модриќ, додека на Карим Бензема целата ситуација му делувала смешна.

Речиси по еден час чекање, автобусот пристигна и Кралевите беа пренесени до хотелот, каде што ги пречекаа голем број фанови.

https://twitter.com/i/status/1658444588435030020

- Оглас -

Најнови вести