Статистиката од натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер лаже и некој ако не го знае резултатот, кога би ги погледнал овие бројките, сигурно би помислил дека победил Италијанецот.
Практично сите параметри одеа во корист на Италијанецот, но Србинот триумфираше во полуфиналето на Австралијан опен.
Синер имаше подобар процент на прв сервис, повеќе освоени поени на прв сервис, на втор сервис, над двојно повеќе асови, помалку двојни сервис грешки. Понатаму, Синер имаше повеќе винери, повеќе поени на ритерни, вкупно повеќе освоени поени, имаа ист број на неизнудени грешки…
И покрај сето ова, сепак Ѓоковиќ победи и ќе игра против Карлос Алкараз во финалето.
Едноставно тоа е тенисот. Поуката е дека поентата не е да се освојат повеќе поени, туку да се освојат оние најважните.

