Брајтон, Тотенхем и Брентфорд се трите клуба од Премиер лигата коишто имаат домашни, британски сопственици, додека со останатите 17 клубови раководат странци.
Американци, Арапи, Тајланѓанец, Италијанец, Грк, Србин, Чех и Кинез се главни акционери во дури 17 клубови.
Сите тие вложуваат многу пари и се обидуваат да ги направат подобри своите клубови, има и успешни и не толку успешни, па некои од нив се и непопуларни меѓу навивачите.