Само вакцинираните играчи на Реал Мадрид ќе смеат да гостуваат во Париз кај ПСЖ

Со новиот закон во Франција кој ќе стапи на сила в понеделник, се забранува учество на невакцинирани спортисти на спортски натпревари.

Ова може да донесе компликации околу регуларноста на мечевите од фудбалската Лига на шампиони помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид на 15-ти, како и гостувањето на Челзи кај Лил на 16-ти февруари.

Клубовите засега не откриваат кои од нивните фудбалери се вакцинирани, но според шпанските медиуми, во Реал сите членови на тимот примиле вакцини.

УЕФА потврди дека добиле известување од француските власти оти тимовите нема да може да сметаат на фудбалерите кои не се вакцинирани против Ковид-19. Има и една варијанта која не е добра за француските тимови, а тоа е нивните домашни мечеви од европските купови да мора да ги играат некаде на неутрален терен во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести