Само во Белорусија се игра фудбал и таму се случи промашување за „верувале или не“ (Видео)

Белорусија е единствената земја во Европа каде што нормално се игра фудбал без разлика на пандемијата со Коронавирусот. На стадионите дури има и навивачи, а на мечот меѓу Ислох Минск и Смолевичи домаќините се радуваа на победа од 1:0.

Погодокот за победа беше постигнат уште во деветата минута, а гостите може да жалат што не стигнаа барем до реми. Во 26-тата минута се случи ситуација која е една од најсмешните сезонава. Гостинскиот играч Иван Верас успеа да искористи едно истрчување на домашниот голман, ја сочува топката во своите нозе и пред себе имаше празен гол.

Верас шутираше од околу 30 метри, но не успеа да ја погоди празната мрежа, што на крајот се покажа како клучно за пораз на гостите.

https://twitter.com/i/status/1244255750089781248

- Оглас -

Најнови вести